Afrodita Cosmetics третман со винотерапија

Afrodita Cosmetics третман со винотерапија

Научниците откриле клучна активна состојка која се наоѓа во грозјето и виното, која помага во успорувањето на процесот на стареење на кожата. Токму поради тоа е создадена оваа козметичка линија за третмани со винотерапија на лице и тело. Третманот со вино терапија во себе содржи:

1-Пилинг кој содржи екстракт од масло од семки на грозје и бадем. Тој ја прочистува длабински кожата и ги отстранува мртви клетки од неа.

2-Лосионот ја зацврстува кожата, ја подобрува еластичноста а воедно ја подобрува и микроциркулацијата на кожата.

3-Маската е богата со бела и црвена глина и екстаракт од бело грозје и шампањ. Таа ја храни , хидрира, негува и обновува кожата. Богат извор е на витамини, особено на витамин Е кој спречува стареење, како и на незаситени масни киселини кои го забрзуваат процесот на обновување на кожата.

4-Кремата е базирана на вино, екстракт од грозје, масла од семките на грозјето, соја и житни зрна. Таа помага во урамнотежување на хидролипидниот слој, ја хидрира кожата, го стимулира обновување и го потикнува природниот одбранбен механизам. Го спречува процесот на стареење и во себе содржи заштитен фактор од штетни UV зраци.