Афродита хигенски третман за лице

Афродита хигенски третман за лице

Убавината од природата преку допирот на козметика Афродита се пренесува на традиционалното производство на сите козметички производи.

Создадена е уште во далечната 1970 година а името го добила од грчката божица Афродита – симболот на љубовта и убавината. Козметичката линија на Афродита нуди целосна услуга за третман и нега на лице и тело, како и wellness третмани. Сите производи се на база на билки a сите процеси се под строга контролa. Афродита козметика нуди нега на лице за сите типови на кожа. За млада и проблематична кожа, за хидратација ( навлажнувачки ефект ), ревитализација  ( обнова на кожата ), витамински третмани (потхранување на кожата ) и за подобрување на колагенската синтеза на кожата. Позната е по високо концентрираните етерични масла и масла за негување. Со ароматичните препарати ќе добиете целосен баланс и хармонија не само на кожата, туку и на духот. Новата козметичка линија ,,Вино терапија“ и „Мед и млеко“ ќе овозможи да почувствувате вистинско уживање. Таа е вистински рај за сите сетила, а на вашата кожа ке и даде сатенски сјај.