Антицелулитна масажа

Антицелулитна масажа

Благодарение на современиот начин на живот и квалитетот на исхраната бројот на жени и на мажи кои имаат целулит е се почест. Речиси да не постои жена која не ја мачи овој проблем. Целулитот се опишува како “кора од портокал” која се акумулира на колковите, бутовите, задникот, стомакот и надлактицата. Антицелулитната масажа е серија на масажни техники кои се применуваат на критичните делови на телото.

Времетраењето на оваа масажа е 40 минути а се прави како индивидуален или сериски третман, самостојно или во склоп со други антицелулитни третмани. За антицелулитната масажа постои мислење дека е непријатна и болна. Нашиот став е дека ниту една масажа влкучувајќи ја и антицелулитната не смее да биде болна, туку релаксирачка, во спротивно таа не е направена професионално. Резултатите во намалување на целулитот ќе се постигнат со континуираното доаѓање на антицелулитни третмани.