Ароматерапија на лице

Ароматерапија на лице

Ароматерапијата е наука за употребата на етеричните масла за подобрување на здравјето, како и физичката и менталната виталност.

Секое етерично масло содржи биохемиски состојки (витамини ,природни антибиотици и антисептици) што значи дека секое масло делува самостојно и различно. Дури и нивното меѓусебно делување е различно и токму заради тоа мораме многу добро да ги познаваме. Етеричните масла истовремено делуваат на повеќе функции на телото. Тие имаат  широк спектар на делување. Со ароматерапијата може да спречиме или да отстраниме нарушената природна рамнотежа на физиолошките функции на кожата или пак да помогнеме во одржување на убавината на кожата. Позитивниот ефект од ароматерапијата на крај се одразува и на телесното здравје на клиентот.