Биполарна Радиофрекфенција – Троен затегнувач на кожата

Биполарна Радиофрекфенција – Троен затегнувач на кожата

Конечно резултати кои можат да се споредат со оние на пластична хирургија. Радиофрекфенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. На периферијата на кожата се создава температура од 40 степени, додека во поткожното ниво температурата е до 60 степени. Дејствува така што ги користи ниските бранови од радиофрекфенцијата од 3 KHz (килохерци) – 300 MHz (мегахерци), кои со ниска фреквенција овозможуваат одлични резултати.

Биполарната радиофрекфенција е поусовршена од монополарната во однос на резултатите кои се постигнуваат. Биполарната е поусовршен метод на радиофрекфенција, каде целата енергија е фокусирана во центарот помеѓу двете електроди што се наоѓаат на една сонда. Предноста на биполарната радиофрекфенција е што може да се постигне истовремено третирање и на длабоките и на површинските слоеви на кожата. Поради тоа, третманот е безболен и пријатен, дава моментални резултати за многу краток временски период.

Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна, и притоа се создава мазна и здрава кожа која изгледа помладо.

Овој третман за регенерација на колагенот е клинички одобрен кај сите типови на кожа за нејзино затегање, а исто така е особено ефикасен за затегнување на кожата на вратот, деколтето и рацете.

Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен. Брзо и ефикасно после само неколку третмани се постигнуваат врвни резултати. Потребни се од 5 до 8 третмани за максимални резултати.

Прегледај видео: