Боење на коса

Боење на коса

BALAJAZ

Боењето на коса претставува хемиски процес при кој што се додаваат одредени пигменти во косата.

Исто така боењето се практикува и како процес со кој што може да се менува бојата на косата.

Главните причини заради кои што се бои косата : да се покријат седите влакна, да се направи промена во боењето на коста од потемна во посветла и обратно или се повеќе да се биде во чекор со модата и најновите модни трендови за коса.

Со текот на времето боењето коса се повеќе се преобразува во еден процес со додаток на уметнички акцент во кој што играат голема улога умешноста и креативноста на стилистот.

Најновите модни трендови се повеќе се оградуваат од класичното боење на косата во една нијанса.

Модните трендови дозволуваат голема игра на бои, употреба на широк спектар од бои и многу видови техники на боење.

Новите палети на бои како што се бои без амонијак, бои од термални води, бои направени од многу природна база се само дел од познатите козметички брендови за коса кој што можат да направат Вашата коса да изгледа беспрекорно , а Вашата боја да заблеска во сјајот на Холивудските тренд сетерки.