CACI QUANTUM

CACI QUANTUM

Caci quantum е најнапреден систем за третирање на лице и тело, кој има специфични програми за слабеење, контурирање, третирање на целулитот, лимфна дренажа, лифтинг на лице, намалување на брчките, акните и лузните.

Caci Quantum микро системот е добитник на награда за најкористен третман во козметички салон. Caci Quantum е софистициран апарат со безброј можности до здраво обликувано тело. Нуди можност за неверојатно ефикасни третмани на лице и тело за различни естетски проблеми.

Тоа е оригинален нехируршки лифтинг и скулптура на тело, изум на Д-р. Томас Винг од САД, кој првобитно го користел во полето на медицината..

Ги затега опуштените мускули, ја корегира и мазни опуштената кожа, ја стимулира циркулацијата а со тоа и го спречува сушењето на кожата. Го подобрува кожното ткиво, ги намалува лузните предизвикани од акни, ги намалува дамките, ја подобрува сувата, дехидрирана кожа, како и масната и проблематична кожа. Ги редуцира брчките, ги намалува линиите околу устата, ги повлекува очните отоци и ги дренира синусите.

Додека оригиналниот Caci quantum систем прави неверојатни резултати на лицето, овој модел на Caci quantum оди и чекор понатаму со тоа што ви дозволува да добиете нехируршки лифтинг на лицето, а во исто време комплетно тонирање на телото. Caci quantum апаратот освен за лице програмиран е и за третмани на тело.

Најновата генерација на Caci quantum ги има следниве програми за тело:

  • slimtone – програма за слабеење која врши елиминација на масните наслаги, го подобрува метаболизмот и помага при отстранување на токсините;
  • contour – за подигнување и зацврстување (гради, задник и стомак);
  • micro-lift – за затегнување;
  • лимфна дренажа – со оваа програма се забрзува елиминацијата на масните наслаги;
  • тонирање – со оваа програма нежно се тонираат мускулите и се поттикнува метаболизмот;
  • програма против целулит – се редуцира целулитот од кој било дел од телото и ги отстранува токсините;
  • е.ц.м – електро-целулитна масажа;

Овој апарат содржи и специјална програма- Липолиза . Со помош на оваа програма се прави стимулација внатре во масните клетки, таа ги разградува мастите и со стимулирање на лимфниот систем тие се разградуваат; се дренирата течноста и ткивото се зацврстува. Електролиполизата е третман кој е познат како друга варијанта на липосукција, што значи отстранување на несаканите масни наслаги; ова е специфичен метод на електро стимулација која ја третира саканата регија создавајќи стимулација внатре во масните ќелии каде триглицеридите се менуваат во слободна масна киселина, за да можат да бидат излачени во течноста од ткивото и потоа да бидат испратени во лимфните клетки; масните наслаги отстранети со овој метод, отстранети се засекогаш.

Третманите на сите програми се комплетно безбедни и безболни.Се препорачува серија од третмани, а бројот и интензитетот на правењето зависи од типот на третманот кој ќе ви го препорача нашиот тим. Најважно од се, резултатите се видливи веднаш.

Прегледај видео: