DАLTON Био-ензимски третман со овошни киселини

DАLTON Био-ензимски третман со овошни киселини

Овој третман се состои од био-ензимска маска: ананас и папаја. Оваа маска содржи протеолитички ензими: бромелаин од ананас и папаин од папаја, кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки од горниот слој на кожата, ја намалува рапавоста и ги чисти порите. Природниот витамин Ц ја обновува оштетената кожа од сонце и стимулира формирање на сопствен колаген и еластин на истата. Витаминот А ги намалува лузните предизвикани од акни и веќе постоечките брчки.

Овој био-ензимски третман се користи за комбинирана, масна и кожа со лузни и дамки. Се прави еден третман неделно во период од 4 – 6 недели, а времетраењето на третманот е 30 минути.