Далтон хигиенски третман за лице

Далтон хигиенски третман за лице

Далтон системот за нега на кожата се базира на ефективноста на Целумер морскиот екстракт- природна состојка која покажува одредена сличност со Вашата кожа а која се состои од кавијар, остриги, планктони, алги и школки. Целумер екстрактот и нуди на Вашата кожа целосно богатство од морето во концентрирана форма и содржи хранливи состојки, како што се: минерали, витамини, липиди, протеини и други материјали неопходни за нормален метаболизам на кожата. Тие оптимално се апсорбираат во кожата и во исто време ги стимулираат нејзините биолошки функции. Од тука произлегува одличната делотворност на Далтон производите, кои се базиираат на совршена рамнотежа со кожата и на тој начин ја воспоставуваат нејзината природна функција. Целумер екстрактот и обезбедува енергија на кожата, потребна за нејзино подмладување и регенерација, и делува “ од внатре кон надвор “. Кожата станува свежа и зрачи со убавина!

Во зависност од потребите на клиентот, во хигиенскиот третман се работи со соодветната линија која одговара на потребите: хидро алга спирулина – третман за комбинирана до масна кожа, витал лифт со лифтинг ефект – за затегнување на зрела кожа, третман за смирување – за осетлива кожа и купероза, третман со ретинол – за проблематична и акноза кожа, папаја ензимски третман – за избелување и депигментирање на кожата.