Дермо Анализатор (Dermo- Analyzer)

Дермо Анализатор (Dermo- Analyzer)

Дермо анализатор е еден вид на интелигентно сликање на кожата, со помош на апарат за анализа на кожата. Податоците и извештајот кој ги интегрира со висока дефиниција ги пренесува на професионален софтвер , кој пак дава целосна слика на потенцијалните проблеми на дермалниот и епидермалниот слој на кожата. Со Дермо Анализаторот БС-800, се добива прецизна анализа за состојбата со хидратација ,брчки, пори, пигментација и тонусот на кожата.

Целта на овој третман е да се утврди точниот проблем со кожата, брзо и прецизно и евиденција на извештај за анализа на статусот на кожата. Откако ќе се направи слика, се добива и препорака како и со што треба да се подобри кожата, вклучувајќи примена на третмани и апликација на козметика за нега. Оваа професионална опрема се користи во салони за убавина и дерматолошки клиники. Со помош на овој третман добивате: – Слика на кожата под RGB светлина , поларизирана светлина и УВ светлина; – Ананализа на кожа со слика со која се откриваат сите кожни проблематики во двата слој на епидермисот и дермисот; – Анализа на кожните проблеми како тен, коефициент на вода, себум-масна кожа, брчки и текстура, порите на кожата и пигментација; – Напредна автоматска анализа на кожата phlogosis за пигментацијата, таложење во дермисот и епидермисот, акни и васкуларни промени; – Тродимензијална слика на состојбата на кожата со препорака на план и протокол за интегрирање на козметички третмани и козметика за индивидуална употреба како и совет за нега.