ЕЛЕКТРИЧЕН ДЕРМОРОЛЕР

ЕЛЕКТРИЧЕН ДЕРМОРОЛЕР

Современ третман за подмладување. Моментално најбараниот третман за нега на кожа и против стареење. Третманот се изведува со усовршена техника за внесување на активни мезо-коктели, директно во дермалниот слој на кожата.Со самото внесување на коктелот со боцкање се поттикнува синтеза на нов колаген и еластин.

Микроигличките кои се наоѓаат на ролерот ја забрзуваат регенерацијата на кожата.Овој третман ја подобрува состојбата на тенката кожа, освен што ги третира брчките. Помага во отстранувањето на дамките на кожата и ја подобрува еластичноста на кожата.

Постои самоконтрола на апаратот со помош на микровибрирачкиот мотор, кој ги бутка игличките нагоре и надолу при изведување на третманот. Брзината и фрекфенцијата на вибрациите е многу посилна отколку досегашниот мануелен дерморолер . Како резултат на тоа и на брзите движења на дерморолерот по кожата, не се нанесува болка на клиентот при боцкањето.

Овој третмане краток, длабински и нуди видливо подобри резултати , во однос на традиционалниот-мануелен дерморолер.