Farmona антицелулитен третман

Farmona антицелулитен третман

Овој антицелулитен третман вклучува нанесување на различни препарати со антицелулитна масажа на критичните регии од телото. Третманот се изведува според следниов редослед:

  1. Антицелулитен дренажен пилинг за тело кој помага за ефикасно отстранување на мртвите клетки од кожата, ја подобрува циркулацијата и ги намалува масните наслаги. Ја навлажнува и освежува кожата. Се нанесува на влажно тело, со помош на антицелулитна масажа, темелно се плакне и потоа се продолжува со третманот.
  2. Интензивен антицелулитен концентрат – ладна терапија е иновативан производ за моделирање на телото. Делува на тврдокорниот целулит и ја зајакнува кожата. Содржи кофеин, карнитин и растителни екстракти. По нанесување на овој препарат се јавува пријатно чувство на ладење. Откога овој препарат ќе се втрие, се нанесува следниот препарат.
  3. Антицелулитен зацврстувачки крем за тело кој видливо ги подобрува контурите и ја зајакнува кожата. По нанесување на овој крем, концентратот се втрива со антицелулитна масажа, ја подобрува циркулацијата и ги намалува масните наслаги.