Фенирање

Фенирање

FEN

Секоја жена треба на некој начин да е препознатлива по убава, здрава, сјајна и негувана коса.

Се разбира дека за таков воодушевувачки ефект потребно е многу труд, време и посетување на професионални центри за убавина.

Фенирањето претставува естетско и професионално обликување на косата земајќи го секоагаш во предвид обликот на лицето , квалитетот на косата, веќе дадената форма при потсрижувањето, за која цел е фенирањето и се разбира многу голема улога има карактерот заедно со стилот и начинот на облекување на клиентот.

Во денешново  и модерно време фенирањето пред се претставува едно соодветно професионално и индивидуално стилизирање на косата со додаток на многу креација и имагинација од страна на стилистот.