Green Peel- биоорганска ексфолијација на кожата

Green Peel- биоорганска ексфолијација на кожата

GREEN PEEL е абразивен третман за длабок пилинг на кожата со најбрз ефект. Природен препарат од билки, кој за 5 дена ќе даде сосема нова кожа без лузни, акни, брчки, проширени пори, флеки и секаков вид на пигментации. Наменет е за акнозна и пигментирана кожа, но помага и за затегнување на кожата како и за намалување на стрии и лузни. Dr. Schrammek е медицинска козметика која се бави со создавање и унапредување на најквалитетни козметички производи кои се во хармонија со природата. Состојките во овие производи не се подложни на никакви хемиски или синтетички препарати. Тие се совршено безбедни и немаат никакви негативни ефекти.

   Како делува?

  Длабокиот пилинг од билки е процес кој прави целосна регенерација на кожата. Се користат само природни билни состојки кои се наоѓаат во природата, безбедни се и нудат успешни методи без никакви хируршки интервенции. Самиот третман ја стимулира циркулацијата и прави регенерација на кожата, создава нови ќелии и прави ремоделирање на колагенот. Комбинацијата од тревките прави благ пилинг на кожата со што се отстранува стариот и оштетен слој од неа. Активните состојки пенетрираат во кожата и делуваат во следните 48 часа. Веднаш по самиот третман ќе се забележи промена на кожата.
  Како изгледа кожата после третманот?

По самиот третман кожата ќе биде црвена и ќе изгледа како да е изгорена. Неколку часа после третманот црвенилото се смирува, а потоа можете нормално да ги извршувате секојдневните обврски. Веќе после 4-5 дена се чувствува ефектот од самиот третман. По лупењето на кожата потребно е да се направи биолошки третман, кој ќе ја подготви младата кожа, таа нема да биде црвена, туку ќе биде обновена, свежа и почиста.