Хидроабразија

Хидроабразија

Неагресивен механички и безболен третман кој може да го направите и на пауза за време на ручек и повторно да се вратите на работа. Одговара за сите типови на кожа, без оглед на возраста. Со оглед на тоа дека ова сепак е абразивен третман, специфично за хидроабразијата е тоа што е исклучиво погоден и за лица со особено чувствителна кожа, кои поради чуствителната кожа не можеле до сега да прават ваков тип на третмани. По третманот не се појавува црвенило и нема никакви негативни последици за кожата. Работи на принцип на вакум, вода и дијамантски брусачи со различна дебелина. По третманот кожата е мазна, чиста и сјајна. Вакумот ја стимулира микро циркулацијата, фибробластите произведуваат нов колаген и еластин, а водата ја хидрира кожата и ја обновува.

Третманите се прават еднаш неделно, а се препорачуваат 10 третмани во континуитет. По серија од 10 третмани, препорачливо е да се прави кратка хидроабразија секој месец во склоп на класичен хигиенски третман.

Со третманот се отстрануваат сите изумрени клетки и притоа се поттикнува создавање на нови. Лицето ќе се исчисти без да се појави црвенило. Ќе се зголеми апсорцијата за ампулата и маските кои се составен дел на овој третман .