Kолаген лист маска

Kолаген лист маска

Тоа се маски во форма на меки листови кои се влажнат со минерални морски активатори. Делуваат по пат на осмоза при што активните состојки и чистиот колаген се врзува во кожата. Содржи активни состојки кои ја влажнат и ја затегнуваат кожата. Ммоќна маска за обновување на колагенот и еластинот во кожата.

Оваа маска може да се употребува индивидуално и во комбинација со било кој друг третман. Идеална е за комбинација со третманите за ексфолијација, после хемиските и механичките третмани за ексфолијација. Со процесот на стареење особено на лицето, вратот и рацете кои постојано се изложени на сонце доаѓа до значително опаѓање на процентот на колагенот во колагенските влакна. Со третманот со колагенска маска ќе го надополниме изгубеното количество на колаген на лицето и вратот, а особено околу очите. Се постигнува висока влажност на кожата бидејќи активната сосотојка што ја поседува маската лесно се впива во кожата а особено во малите брчки каде што кожата набабрува со што тие стануваат помалку видливи.