Контур на лице

Контур на лице

Мултифункционален апарат, дизајниран според медицински стандарди. Сосема безбеден и безболен. Составен од четири видови на технологија: биполарна RF, инфрацрвени ласерски зраци 940nm, механичка стимулација на ткиво со ролери-endermologija и вакум.

Четирите видови на технологија ефикасно го подобрувааат метаболизмот, ги намалуваат масните наслаги, ја затегнуваат кожата на лицето. Со еден третман од 30 минути на определената регијa ќе добиете четири третмани во еден : ласер, радиофреквенција, вакум и липомасажа.
Со помош на инфрацрвена ласерска светлина 940nm , се подобрува флексибилноста на кожата и се овозможува повторното обновување на колагенот и еластинот на кожата.

Со овој третман ќе се постигнат следните ефекти:
*Се зголемува содржината на кислород во крвта и се подобрува микроциркулацијата на лицето;
*Лифтинг на кожата на лицето и вратот;
*Ги отстранува брчките;
*Ги отстранува темните кругови и торбички околу очите;
*Го подига видно очниот капак;
*Ја затегнува кожата на вратот;

Се прават серија од 10 третмани по еднаш неделно. За одржување на ефектите препорачливо е по еден третман месечно да се прави. После 1 година се повторува серијата.
Траење на треманот по регии: лице 30мин., очи 15мин., врат 15мин.