Корисни информации

Корисни информации

* Термините за планираниот третман се закажуваат однапред, телефонски, преку електронска пошта или лично.

* Препорачливо е да го забележите датумот на закажаниот термин, за да не го заборавите истиот.

* Навремено доаѓање на закажаниот термин за третман е 10 минути пред вашиот закажан термин. На тој начин, ќе можете да се подготвите и да се опуштите пред самиот третманот.

Пред и за време на третманот

* Пред почетокот на третманот, ве молиме известете го вашиот козметичар доколку имате некаква алергија, болест, доколку сте бремена или ако примате лекови.

* Опремата со која се вршат третманите се дезинфицира по секој клиент. При третманите се користат еднократни прекривки на креветите и капи, а третманите се извршуваат со стерилни ракавици. Вашето здравје е наша грижа.

* Облечете се соодветно за третманот кој треба да го правите. Доколку правите третман на лице, избегнувајте шминка и не носете накит. Пред да дојдете на масажа или депилација, истуширајте се за вашата кожа да биде свежа и чиста. Со тоа, ќе се чувствувате подобро, а резултатите од третманот ќе бидат подобри. Доколку не сте во можност тоа да го сторите дома, слободно можете тоа да го сторите во нашите простории.

* Почитувајте го мирот и дисциплината во Центарот за убавина. Однесувајте се љубезно кон вработените во Центарот за убавина.

Откажување на термин

* Во случај на откажување или менување на веќе закажан термин за третман, потребно е да не известите за тоа најмалку 24 часа пред закажаниот термин.

Начин на плаќање

* Услугите кои ги користите можете да ги платите во готово, како и со сите видови на кредитни и дебитни картички. Доколку сте одбрале пакет на третмани, истиот може да се плати на рати, со договор за исплата на рати.

Препораки

* Ако сметате дека би можеле да добиете подобра услуга од некој друг член на нашиот тим, ве молиме, слободно пренесете ги вашите коментари на вработените на пултот. Вашите пофалби и критики ќе бидат забележани и почитувани. Наша цел е да обезбедиме подобри услуги за вас, затоа секогаш сме отворени за предлози.

* Ако сте задоволни од посетата на нашиот Центар за убавина, потрудете се да им ги пренесете впечатоците на вашите пријатели, роднини, колеги и соседи. Вашите препораки ќе бидат ценети и наградени со посебна услуга или третман.

Лојалност

Секој клиент е подеднакво важен за нас. Наша цел е да ви овозможиме третмани кои ќе ги исполнат вашите очекувања и ќе ве натераат да станете наш редовен клиент. Нашите редовни клиенти, како возврат за својата лојалност, се стекнуваат со перманентен попуст на сите услуги во Центарот за убавина „Афродита-С“.

Подарок картичка

Подарете картичка од „Афродита-С”. Во Центарот за убавина „Афродита-С“ можете да набавите подарок-картичка /ваучер во износ од 500 ден, 1.000 ден, 2.000 ден или 3.000 ден. Лицето на кое ќе му ја подарите оваа картичка може да избере услуга во рамки на вредноста на ваучерот, без ограничување. Доколку избере услуга со помала вредност, преостанатиот износ може да го искористи за некоја друга услуга, во истиот или друг термин. Доколку избере услуга која има поголема вредност од ваучерот, потребно е да изврши доплата.

Изненадете го вашиот партнер, пријател, колега, мајка, сестра или на некоја драга личност со подарок-картичка од „Афродита-С“. Тие сами ќе го изберат својот идеален третман. Ова би можело да биде идеален подарок за роденден, Нова година или 8ми март. Или пак, во деновите на Љубов, подарете Убавина!