.

Криолиполизата е најсовремена и високо ефективна метода за трајно отстранување на депонирани масни наслаги. Почнаа да ја развиваат Dr.Dieter Manstein и Rox Anderson на Харвард а клинички ја испита „Zeltiq“, компанија која е лидер во примена на новите технологии. Криолиполизата е неинвазивен и безбеден метод без несакани ефекти. Постапката е безболна и сосем безбедена. Третманот е еден од најефикасните методи за елиминирање на масти дури до 25% за само еден третман. Бројот на задоволните клиенти се движи од 70 до 90%.

Ова е вашиот идеален третман доколку сите досегашни диети, вежби и други обиди да се ослободите од здодевните масти кои се наталожени на сите критични места биле залудни и со ништо не успевате да ги намалите масните наслаги.

Станува збор за ладна метода: Cryo – мраз, липолиза – хемиски дефект на масните клетки. Мастите локално се ладат на прецизно утврдена температура (поставена од страна на терапевтот), во период од 40 до 60 минути. Во текот на третманот масните клетки се кристализираат и се распаѓаат. Во поткожното масно ткиво клетките умираат од хипотермија, а истите потоа се исфрлаат преку лимфниот систем во период од 3 до 8 недели. Со секој третман се отстранува 25% од локалното масно ткиво. Хипотермната стимулација го забрзува движењето на метаболизмот на кожното ткиво и на тој начин создава високо еластичен колаген. Во овој процес се создаваат посебни предаватали кои паралелно предизвикуваат лачење и истовремено ладење, со што го релаксираат нервниот систем и мускулите. Резултатите се мазна и затегната кожа. Криолиполизата не ги отстранува телесните течности кои му се потребни на организмот, туку единствено вишокот на масти во пределот на стомакот, половината, грбот и бутините.

Третманот започнува така што се определуваат региите кои треба да се третираат.Во еден третман може да се третираат една до две критични регии. На пример долниот дел на стомакот, горниот дел на стомакот или бутините (секоја нога одделно), колковите, грбот, рацете, колената, листовите на нозете и т.н.

На регијата со вишокот на масти се поставува апаратот од вакуум апликатор помеѓу две метални плочи кои ја ладат третираната област на 0 целзиусови степени.

Пред терапија кожата е заштитена со специјална мембрана со антифризи. Таа се користи задолжително, за да не дојде до едем на ткивото. Не постои опасност за околните ткива во текот на третманот. Масните клетки се исклучително чувствителни на студ па на регијата која се лади апаратот ги замрзнува односно делува само на нив. Вакум апликаторот предизвикува зголемување на протокот на крв во регијата, па така не се чувствува ладењето на телото. Методот е сосема безболен.
Благото отекување и црвенило, кои се појавуваат за време на третманот, исчезнуваат во рок од неколку часа. На иста регија постапката може да се повтори после третата недела. Но, на други регии може да се прават третмани во ист временски период.

Резултатите ќе бидат поголеми доколку терапијата се комбинира со другите техники, како што се радио-фреквенција, лимфна дренажа, вакум кавитација, LPG третман, масажи и друго.

Закажи термин во салонот аеродром

Loading...

Закажи термин во салонот водно

Loading...