Лимфна дренажа масажа

Лимфна дренажа масажа

Лимфната дренажа подразбира серија од ритмични движења со кои се буди лимфниот систем. Функцијата на лимфниот систем е да го чисти организмот од штетните материи и вишокот течности. Доколку сакате да ги почувствувате нејзините ефекти, лимфната дренажа препуштете им ја на физиотерапевтите или козметичарите кој имаат соодветна сручна обука бидејќи станува збор за една од најодговорните масажи. Масажата започнува и завршува во точно одредена точка во коренот на вратот со цел истата да се ослободи и лимфата да продре во крвта. Масирањето продолжува под пазувите, нозете и препоните. Можете да добиете парцијална и целосна лимфна дренажа.

Особено популарна е таканаречената специјална масажа, која претставува комбинација на антицелулитна и лимфна дренажа. Овој третман трае 90 минути и помага во намалување на тежината. Се препорачува во комбинација со Ултразвучната кавитација со што се постигнуват неверојатно брзи резултати.

Лимфната дренажа се препорачува на жени што имаат проблеми со задржување на вода во телото кое е последица на хормонален дисбаланс, проблеми со бубрезите, венско заболување или лоша циркулација. Лимфната дренажа помага побрзо да се ослободите од токсините кој се заробени во вашето тело. Со масажата се поттикнува исфрлањето на течностите, кое е особено изразено во