.

Искусен, сестран, единствен и светски признат апарат кој дава брзи, ефективни и трајни резултати. Пред 70 години, францускиот инженер Луј Филип Жерне решил своето стручно знаење да го примени на себе за негово лекување (по трансплантација на кожа како последица од изгореница). Конструирал апарат (спој на елекроника и пневматика), до тогаш единствен за терапија на кожата и поткожното ткиво. Апаратот за кратко време станал светски хит. Неговиот изум оттогаш досега е толку усовршуван што денес претставува лидер во светот за отстранување на низа здравствени и естетски проблеми.

Овој апарат овозможува да се дојде до подмладено и обликувано тело со одличен физички и функционален баланс. Ја зголемува циркулацијата до 300%, а протокот на крв и лимфа достигнува до 200%. Медицинска програма за пациенти кои страдаат од реума, воспаление, оток под коленица, спондилоза, болни колкови, рамења, врат и друго.

ЛПЏ технологија е современа и неризична метода во обликување на телото. Делува на структурата на кожата во комбинација со тродимензионална кружна масажа со ролери под вакуум, се изградува ново врзувачко ткиво на кожата, а лимфната циркулација се зголемува до 200%, при што се исфрлаат токсините. Заменува 6 масажи наеднаш и се прилагодува за секого посебно. Третманот се работи на цело тело.Секој третман индивидуално се прилагодува на клиентот. Се намалува обемот, а овој третман резултира со мазна и затегната кожа, а што е најбитно – долго време ги одржува постигнатите резултати. Апаратот содржи специјална пост – породилна програма која помага кожата веднаш да се повлече и да се израмни стомакот, антицелулитна програма, програма за после липосукција , програма за затегнување на кожата, програма за лимфна дренажа, за локализирани маснотии и најново – програма за бразилски задник, подигање и обликување на задникот.

ЛПЏ делува брзо и квалитетно на сите форми на целулит:

  • збиен и влакнест целулит
  • стар и болен цеулит
  • мек целулит со големо задржување на вода
  • целулит што се создал за време на бременост

Потребно е да се направат најмалку 10 третмани, а третманите се прават најмногу два пати неделно.

Физикална технолигија и терапија

Физикалната технолигија и терапија служи за подобрување на:

  • болки во мускулите
  • сериозна болка на тетивите
  • болни проблеми со рбетниот столб
  • отечени нозе и лактови
  • венозна инсуфициенција
  • проширени вени

Tерапија за спортисти

Oвој вид на терапија помага при:

  • болки во мускулите како последица на физички напор – активности кои предизвикале болки во зглобовите
  • ги подготвува мускулите за оптимални перформанси
  • закрепнување после напорни тренинзи
  • превентива, заштита од истегнат и изместен мускул или друга мускулна повреда

Закажи третман во салонот аеродром

Loading...