Масажа со топло чоколадо

Масажа со топло чоколадо

Нежна масажа со помош на која вашето тело и ум ќе воспостават рамнотежа. Масажата е пропратена со специјална музика и при тоа добивате чувство на танц по вашето тело. Мирисот на чоколадо ја прави оваа масажа специјална. Се прави исклучиво само на жени. Делува на тонусот и кожата ја прави мека како свила.

Се стимулира колагенот и еластинот. За љубители на чоколадо, идеална посебно за тие што се на диета.

Со масажата од топло чоколадо угодете му на вашето тело и разгалете го вашиот дух – испробајте една од најнежните масажи. Масажата со топло чоколадо е потполно релаксирачка масажа и делува против стресот и лошото расположение.

Специјалната формулација од природно италијанско, какао и маслото од сладок бадем ќе го подигнат вашиот дух, а истовремено ќе ја нахранат и ќе ја навлажнат вашата кожа. Загреана на совршена температура, ќе ја исполнат секоја ваша чоколадна желба.