MegaSun-солариум

MegaSun-солариум

Прекумерното изложување на сонце од желба за убав тен многу често дава болни опекотини или иритации на кожата. Игнорирањето на високиот степен на УВ зрачење во период кога користиме годишен одмор не ретко предизвикува разни опекотини од прв и втор степен, а се почесто и карцином на кожата. Директната изложеност на УВ зраците доведува до низа проблеми доколку не се почитуваат советите од дерматолог. Токму од овие причини современата индустрија и високата технологија од година во година се стремат кон изнаоѓање на вештачки пат за брзо потемнување кое би ги довело до минимум негативните и штетни ефекти

Најсовремените солариуми, заради високиот степен на заштита често се употребуваат и за медицински цели. Честите синузити и воспалени јајници со правилно дозирање на солариски третмани го намалуваат рецидивот. Разните цисти за кои се препорачува затоплување, исто така имаат позитивен ефект од солариумот. Со постепеното изложување на сончање стручниот соработник Ви објаснува дека на овој начин се постигнува заштитен механизам на кожата со што се намалува појава на еритерм, а се активира сопствената УВ заштита. Таквиот начин на активирање на УВ на кожата се нарекува – заштита која опфака 2 процеса:

  1. пигментација (темнење на кожата) и
  2. задебелување на рожестиот дел од кожата.

Според Шведскиот институт за заштита од зрачење класифицирани се 4 типа на кожа:

 

  • Првиот при изложеност на сонце не потемнува, само гори.
  • Вториот – слабо потемнува и треба долго време за минимална боја.
  • Третиот – забележително темнеење
  • Четвртиот брзо и длабоко темнење.

  

Што е предноста на солариумот: 

-За само неколку минути го постигнувате истиот ефект од неколку дневно сончање.

-Дозирање по минутажа со што се избегнуваат опекотини на кожата.

-Рамномерно потемнување на целото тело

-Пријатно чувство во текот на темнеењето заради вентилацијата, водена прашина и пријатната музика.

Стручните консултанти ќе го дозираат правилно времетраењето на третманот. Тие ќе ви препорачаат козметичка линија за после сончање со што се обновува потребната хидатација на кожата преку разни млека и лосиони. За времетраењето на третманот се користат заштитни очила.

Доколку ги следите сите упатства помал е ризикот од директното УВ зрачење, имате поубава и рамномерно темна кожа, не сте изгорени и бојатасе задржува подолго време. На лицата со светол тен им се препорачуваат неколку третмани во солариум пред директно да ја изложат кожата на сонце. Се разбира и прекумерното користење на солариумите дава штетни ефекти, се зголемува ризикот од УВ зрачење, па затоа се советува следење на упатствата од стручните лица во солариумите.

Новитет во центарот за убавина “Афродита-С ” е најновата генерација на Mega Sun вертикалниот солариум со заштитни и колагенски лампи за сончање.

За особено кратко време, во амбиент проследен со музика и водена прашина која ќе ве освежува и глас кој ве води за време на третманот, ќе постигнете идеална чоколадна боја.

Третманот трае од 5 до 12 минути, а доволни се 10 третмани со кои умерено и здраво ќе ја зголемите одбранбената моќ на Вашата кожа.

Во еден прекрасен, релаксирачки амбиент, надополнет со висока професионалност која ви ја нуди центарот за убавина “Афродита-С” би можеле да постигнете совршен изглед, а со тоа подобро расположение и поголема самодоверба за да можете подготвени го дочекате летото.

Прегледај видео: