Мезо терапија со дерма ролер

Мезо терапија со дерма ролер

Најнова метода на мезотерапија е Мезо Ролер методот. Овој метод во моментот се наоѓа на прво место на списокот на најбарани третмани. Со ефикасноста и едноставната апликација на безболно боцкање од 500 000 убоди на микро игли на природен начин се прави обнова на кожата а клиентите може да бидат од различна возраст, пол и проблематика. Резултатите на најновата технологија се комбинација од комбинирана употреба на Дерма Ролер и коктел за мезотерапија.

roler

Ваквата комбинација е моќна, дава видливи и докажани резултати. Всушност крајниот ефект од третманот резултат од ефектите на дерма ролерот кои потикнуват синтеза на нов колаген и еластин, стимулирани од уникатната формулација на коктелот за мезотерапија.Со помош на дерма ролерот се обезбедува 95% ефективна ресорпција на активните состојки во кожата, со што максимално се искористува нивниот моќен ефект.

Мезотерапија е француска метода што се употребува за длабинско внесување на активни компонети, вградени во коктели или раствори, директно во кожата. Во естетиката оваа метода се употребува за подобрување на квалитетот на кожата и разубавување.

Дерма ролерот исто така прави механична стимулација на кожното ткиво, при што го стимулира да создрава нови количества на колаген и еластин. На овој начин се подобрува квалитетот на кожата, таа станува затегната и измазнета.

Ефектите стануваат многу поголеми со аплицирање на специјални стерилни коктели за мезотерапија. Овие раствори содржат повеќе од 60 прецизно избрани и дозирани активни состојки, чија уникатна формулација е направена за добивање на максимални резулатати од третманите.

Со мезотерапија, успешно се третираат естетски проблеми на лице, тело и скалп (коса).

Третманите за лице даваат ефект на ревитализација, измазнување, пополнување, затегнување, третирање на пигментација , анти акни, како и специјални третмани за третирање на регијата околу очите.

На телото овој третман дава одлични резултати при третирање на целулит ,локализирани масни наслаги и стрии.

Овој метод се користи и при третирање на косопад, зајакнување на коренот на влакното на коса и подобрување на квалитетот на косата.