Микродермоабразија – Механичка ексфолијација на кожата

Микродермоабразија – Механичка ексфолијација на кожата

Микродермоабразијата е неинвазивен третман при кој контролирано се отстрануваат изумрените клетки од површината на кожата на епидермисот. Целта е да се отстрани старата кожа со сите несовршености како и несакани појави и промени кои настанале во процесот на стареење. Ексфолијацијата се прави со помош на кристали (алуминиум оксиди). Третманот поттикнува микроциркулација бидејќи работи на принцип на вакум со микро кристали. Се стимулира раѓање на нови клетки и обновување на кожата. Се постигнува голем ефект во ремоделирање на кожата. По третманот ќе се зголеми апсорцијата на кожата за нанесувањето на ампулата и маските кои се составен дел од третманот. Со овој апарат можат да се третираат сите делови на кожата: лицето, градите и секаде кај што е потребно. Со третманот се постигнуваат успешни резултати во:

  • ремоделирање на кожата (подмладување)
  • атрофирана и остарена кожа без еластичност
  • бори-површни и подлабоки
  • кожа оштетена од сонце (пигментации)
  • старачки пеги и флеки
  • хиперкератози на тело (задебелување на кожата)
  • сите врсти на лузни на лицето и телото
  • лузни како последица на акни
  • стрии
  • проширени пори
  • масна кожа

Третманот се прави во период од месец октомври до април, кога сонцето е помалку присутно. Се препорачуваат 10  третмани во континуитет, еднаш неделно. По серија од 10 третмани, препорачливо е да се прави кратка микродермоабразија секој месец во склоп на класичниот хигиенски третман.

Еднаш годишно се прави како тераписки третман за сите типови на кожа, превентивно така што ќе се замени периферната кожа со нова која има подобра структура. Тоа ќе го успори процесот на стареење.