МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН АПАРАТ LIPO MASSAGE BODY SLIMMER AND COUNTURING

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН АПАРАТ LIPO MASSAGE BODY SLIMMER AND COUNTURING

Мултифункционален апарат, дизајниран според медицински стандарди. Сосема безбеден и безболен. Составен од четири видови на технологија: биполарна RF, инфрацрвени ласерски зраци 940nm, механичка стимулација на ткиво со ролери-endermologija и вакум.

Четирите видови на технологија ефикасно го подобрувааат метаболизмот, ги намалуваат масните наслаги, ја затегнуваат кожата на телото и лицето и го отстрануваат целулитот.
Со еден третман од 30 минути на определената регијa ќе добиете четири третмани во еден : ласер, радиофреквенција, вакум и липомасажа.
Со помош на инфрацрвена ласерска светлина 940nm , се подобрува флексибилноста на кожата и се овозможува повторното обновување на колаген и еластинот на кожата.
RF биполарна радиофреквенција создава топлина која го загрева поткожното масно ткиво и на тој начин помага да се разложат( lipocytes) мастите во поткожно ниво.
Endermologie ролер со вакум масажа ја подобрува циркулацијата и ги разложува мастите, како во подлабоките ткива , така и во површинските слоеви на кожата.
Со овој третман ќе се постигнат следните ефекти:
*Се зголемува содржината на кислород во крвта и се подобрува микроциркулацијата на телото;
*Се намалуваат локализираните масти , прави липолизата и обликување на телото (раце, нозе, половина, стомак и колкови);
*Помага за враќање на телото во првобитна состојба, после породувањето;
*Ја затегнува кожата;
*Ги намалува стриите;
*Прави лимфната дренажа;
*Ја намалува болката на мускулите и на целото тело делува како тераписки третман.
Со серија од десет третмани , обемот на телото ќе се намали од 3- 6 см , се редуцураат до 60% масти и кожата на телото се затегнува до 75%.
Времетраењето на еден третман е 30 минути , за една избрана регија. Третманот се прави два до три пати неделно.
Целосниот ефектот од третманот се гледа 1-2 месеци по третманите