.

Жените се реномиран симбол на убавина. Тие секогаш внимаваат на својот изглед, посебно на изгледот на нивните раце и нокти.

Акрилните нокти претставуваат вештачки нокти кои се додаваат на природниот нокт, направени се со мешање на порцеланска прашина со ликвид Етил метакрилат познат како ЕМА и Метил methacrylate.

Ноктите направени од Етил метакрилат ЕМА се најбезбеди и со највисок квалитет и релативно флексибилни.

Многумина би помислиле дека акрилните нокти се нова метода, но сепак тие се создадени пред многу векови. Старите Египќани биле пионерите кои ги создале вештачките нокти, за нив тие биле симбиол на богатсво, како и исклучителен шарм.

Сега акрилик ноктите се користат за повеќе од една причина. Луѓе кои имаат кршливи и слаби нокти обично ги заменуваат со акрилик ноктите кои што се направени од еластични материјали. Покрај тоа оние кои се врзани со навиката на грицкање на нокти, исто така, можат да се одлучат за акрилик нокти. А најмногу жените кои внимаваат на себе, кои сакаат да се уредни, а немаат време за тоа. Овие нокти се прават еднаш во месецот, а се уредни цел месец. Ноктите се украс со кој секоја жена ја прави да се чувствува како дама.

Додавање на нов слој од акрил ги зајакнува веќе постоечките нокти. Акрилни нокти исто така, се најдобро решение за оние кои сакаат фенси долги нокти и не се способни да ги растат нивните природни. Долгите нокти се апсолутно примамливи. Тие се идеален елемент за свадба или повремена функција. Сепак многу девојки и жени ги носат секојдневно. Акрилните нокти се флексибилни и на нив може да се изведе одредена декорација за некоја свечена прилика или пак за свадба. Се прават убави уметнички декорации со суво цвеќе, ситни школки,циркони и разна  декорација по желба на клиентот.

Loading...