Нега на коса

Нега на коса

Нега на коса е термин во козметологијата под кој што се подразбира здрава и квалитетна коса.

Под овој термин ”  НЕГА НА КОСА ” припаѓа и редовното одржување на хигиената на косата. Редовното и соодветното негување на  коса секогаш дава одлични и видливи резултати .

Во денешно време козметологијата нуди голема палета на козметика за нега на коса.

Секој тип на коса треба соодветно да се негува посебно оној тип на коси кои се изложени на хемиски процеси (боење, нијансирање и белење) и на коси кој што се често подлежни на фенирање.

Постојат повеќе начини за негување на коса и тоа употреба на :

– шампони за сите типови коса

– маска за коса

– балзам

– ампули

–  масни бањи

– третмани со нова и модерна апратура

– третмани на природна база

– третмани за хидратација

– третмани за регенерирање .

Проблематиката од типот на опаѓање на косата, првут или прекумерно лачење на себум исто така може да биде решено со редовна нега и посета на професионалци за убавина.

Програмата за проблематична коса исто така изобилува со висока палета на производи како што се :

– програма за против опаѓање на коса  во која што спаѓаат соодветен шампон, маска , серуми и ампули.

– програма за отсранување на првут

– програма за контролирање на себумот .

Секогаш на Вашата коса пружете и ја соодветната и потребна нега и Вашата коса ќе Ви биде благодарна.