OXY SISTEM -ТРЕТМАНИ ЗА БЕСПРЕКОРНО ЧИСТА, ЗДРАВА И МЛАДА КОЖА

OXY SISTEM -ТРЕТМАНИ ЗА БЕСПРЕКОРНО ЧИСТА, ЗДРАВА И МЛАДА КОЖА

oxy aparat (1)

ОКСИ систем е технолошки најнапреден систем за дермоинфузија на кожата со 98% кислород. Третман за оксигенизација и регенерација на кожата на лицето и телото.

КИСЛОРОДОТ- основен елемент за здравје нa кожата.

Кислородот е неопходен за здравјето на кожата . Тој е еден вид на гориво за развој на сите клетки во нашиот организам. Колку повеќе го има во клетките, тие се поактивни. Овозможува клеточен метаболизам. Снабдувањето на кожата со кислород е основен услов за настанувње на нови клетки на кожата. Тој ја стимулира синтезата на колаген и еластин , влијае во снабдување на хидратација, го подобрува имунитетот, ја јакне заштитата на кожата, го поттикнува исфрлањето на токсините и го подобрува дишењето на кожата.

Различни се факторите поради кои на кожата најчесто и недостасува кислород. Еден од главните е процесот на стареење, поради кој се намалува протокот на крв во капиларите, а ослабената микроциркулација постепено ја ослабува оксигенизацијата. Во текот на човековиот живот снабдувањето на кожата со кислородот драстично се намалува и тоа е еден од факторите да побрзо стареење. На малата снабденост на кожата со кислород дополнително влијае и загадената животна средина и лошите животни навики. Во 30-те години од животот оксигенизацијата на кожата се намалува за 25% , додека во 50-те дури до 50%. Како резултат на сето тоа кожата манифестира несакани состојби .

Доколку имате: дехидрирана, уморна кожа , подочници, неизедначен тен, пигментации, намален праг на чуствителност, слаб тонус, се подлабоки и изразени црти и брчки Вие сте вистинскиот кандидат за овој третман со кислород.

Со овој метод можете да го сопрете процесот на стареење на природен начин. Овозможете и кислород и живот на кожата.

Oxygen Dermo Infuzion * Inject Oxygen * Pure Oxygen Photon mask

oxy aparat (2)

 

Oxygen Dermo Infuzion- Ефективан и неинванзивен третман.

Овозможува апликација на активни коктели со чист кислород до 98% и помага во решавање на различни проблематики на кожата.

Третман за хидратација, против стареење, црвенило и купероза, нечиста кожа и акни, хиперпигментација и дамки. Го запира процесот на стареење на кожата. Ја поттикнува микроциркулацијата и го враќа природниот сјај кожата. Ефектите се видливи веднаш после првиот третман.

oxy aparat (8)

Inject Oxygen- инџект оксиген со чист кислород од 98%

oxy aparat (3)

Pure Oxygen Photon mask -оксигена фото-инхалација, комора за дишење на чист кислород до 98%, фототерапија и мезотерапија

Чистиот филтриран кислород се аплицира длабоко во кожата со континуиран проток од 5 лити во минута . При изведувањето на овој третман се додаваат и активни серуми и мезококтели, кои длабоко продродираат во кожата и целосно делуват на определената проблематика на кожата која се третира.

Ова е одличен третман за лица кои не сакаат да се изложуваат на третмани со игла, како филери и ботоx.

По третманот кожата е позатегната и има:

-Зголемена осигенизција (проток на кислород);

-Забрзан метаболизам;

-Забрзан процес на детоксикација;

-Зајакнат одбранбен систем ;

-Брза меѓуклеточнаразмена на супстанции;

Овој третман се изведува и на кожата на тело.

-Третманот помага за отстранување на целулит , стрии, опуштена кожа и лузни на кожата на телотот.

Апаратот е мултифункционален и имаго има следните дополнителни програми:

Supersonic – лифтинг

Суперсоник лифтинг третманот е третман за витална, здрава и значително затегната кожа со затворени пори. Двете сонди овозможуваат третман на очната регија и целото лице со подбрадок. Овој третман нежно ја стимулира кожата за поттикнување и производство на нов колаген и еластин. Ја поттикнува микроциркулација и лимфна дренажа. После направена серија од 10 третмани фините линии и бори ќе се намалат а кожата , бојата и текстатурата ќе стане изедначена. Се подобрува хидратацијата се добива младешки сјај. При често користење на оваа услуга дивиот молекул може да се пренесе во микро молекулите и на тој начин ќе се подоби апсорпцијата на кожата за 100 пати повеќе во споредба со мануелното внесување на активни козметички компоненти против сареење , антиоксиданти, серуми, креми и маски. Активни те производи продираат длабоко во епидермисот и тоа дава траен резултат против стареењето на кожата.

Соник брановите кои се имитуваат не се штетни по здравјето.

Не се препорачува ултразвучни третмани на луѓе кои имаат хронични заболувања. Овие клиенти потребно е да се консултираат со својот лекар пред да започнат со естетски третмани.

Bio-Photons electricity Bio-photons – емисија на фотони со биолошки состав, се слаби електромагнетски бранови во оптичка светлина. Сите живи билки, животни и луѓе имитираат биофотони кои не можат да се видат со голо око,а можат да се измерат со специјална опрема.

Светлото на биофотон енергијата ги потхранува сите клетки на организмот- поточно во молекулот на ДНА од каде што се регенерираат сите животни процеси: морфогенеза, раст, диференцијација и регенерација. Според традиционалната кинеска медицина биофотон светло прави проток на енергија “Чи„ која тече по нашето тело по енергетските канали (меридијани) и ја регулира и подобрува функцијата на целото тело, кожа и мозокот.

Био- Фотон светло користи микро струја која проаѓа низ меридијанот и ги активира клетките на кожата за раст на колагенот, прави лифтинг на кожата на лицето, во кобинација на ладното светло и црвеното светло ја поттикнува циркулацијата на крвта и ја прави кожата сјајна.

Bi polar i Tri polar RF ПОВЕЌЕ

РФ -технологија функционира на принцип на радиобранови кои ја пренесуваат топлината длабоко во дермалниот слој од кожата. Како резултат на тоа се добива моќен лифтинг на затегната кожа.

РФ- биполар ги измазнува длабоките брчки а Рф триполар ја затегнува кожата , го ремоделира испуканиот колаген и со енергетската топлина подобрува микроциркулација и топење на мастите. Поради сето ова при користењето на оваа метода покрај затегнување на кожата се намалува и подбрадокот.