.

Дозволете си барем еднаш месечно парафински третман, кој ќе направи многу за Вашата кожа на рацете и нозете. Се пилингува кожата, се додава богата кислородна anti age крема и се става топлиот или ладниот парафин кој стои 15 минути и на крај третманот се завршува со масажа. Ова е единствен третман кој ќе го спречи сушењето на кожата и делува превентивно против стареење. Се препорачува задолжително после наливни нокти како превентива од лампата да не дојде до дехидратација на кожата. Идеално се комбинира и со третманите на лице додека сте под маска, да добиете комплетно релаксирачки третман и на Вашите раце. Парафинот е ароматичен производ богат со растителни маслени екстракти со многу пријатен мирис на егзотично овошје, чоколада, мед и млеко… со што Вашиот третман ќе направи да се подобри и Вашето расположение. Седум дена после третманот кожата е многу мазна, сјајна и хидрирана.

Loading...