Перманентна шминка- Јапонско исцртување на веѓи- влакно по влакно

Перманентна шминка- Јапонско исцртување на веѓи- влакно по влакно

Исцртување на веѓи кое дава сосема природен и неверојатно привлечен изглед!

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

При оваа метода не се користи апарат за исцртување како до сега, туку веѓите, влакно по влакно, се цртаат директно на кожата со употреба на посебен апликатор со мал секач. Специфичниот метод на исцртување дава потполно природен изглед, бидејќи не се пополнува целата форма, туку, со посебна техника, се цртаат тенки и закривени влакненца во правец на нивниот природен раст.

Најсоодветни кандидати за овој третман се оние лица кои почнале погрешно да ги оформуваат веѓите со што го уништиле нивниот природен изглед, густина и големина. Воедно, и оние лица кои, поради одредени причини, постепено започнале да ги губат веѓите.

Под терминот веѓи со “природен изглед“ се подразбираат средени веѓи со убав изглед, кој наликува на нивниот природен изглед. Со нивното исцртување влакно по влакно се добива впечаток дека веѓите воопшто не се исцртани, нешто што беше потешко да се постигне со претходната техника на исцртување на веѓи.

Првиот чекор е утврдување на природниот облик на веѓите според челната коска и физиономијата на лицето. Со неправилно оформување на веѓите во текот на годините, тие можат сосема да ја изгубат нивната правилна форма, а клиентите ќе заборават каков е всушност автентичниот облик на нивните веѓи. Јапонската техника на исцртување влакно по влакно помага да се искорегира вашиот облик во вакви случаи.

Што е особено важно да знаете доколку се решите за овој третман?

Најпрво, трајната шминка се изведува во стерилни услови и исклучиво со опрема за еднократна употреба.

Треба да бидете сигурни дека го посакувате овој третман. Пред да се решите за истиот, можете да дојдете на консултации во врска со сите дилеми кои ги имате. Имајте предвид дека ова е еден вид на привремена тетоважа, која трае подолго време.

Треба да бидете свесни дека Вашите сугестии при утврдувањето на обликот на веѓите честопати можат да бидат причина за Вашето евентуално незадоволство од нивниот конечен изглед на крајот од третманот.

Веѓите на Вашиот лик ќе изгледаат убаво само ако се во склад со вашето лице. Оттука, треба да знаете дека обликот на веѓите кој сте го посакувале бидејќи ви се допаднал на друго лице, кога ќе се исцрта на Вашето можеби нема да ги исполни Вашите очекувања.

Затоа, многу е важно да знаете дека ако сакате успешен резултат и добар визуелен ефект, изгледот на веѓите мора да му го препуштите и да му верувате на професионалецот за нивно исцртување.

Првата недела по третманот е период на навикнување на новиот изглед на Вашите веѓи.

Колку долго трае ефектот од овој третман?

Во теорија, со оглед на тоа дека пигментот се врзува за клетките во епидермисот, а тие клетки се обновуваат во период до 2 години, и самиот пигмент би требало да трае исто толку долго. Сепак, во пракса тоа не е така. Мора да се земат предвид факторите кои влијаат за обновување на клетките. Битен фактор е пост-третманскиот тек и типот на кожа. Масната или проблематична кожа, долгата изложеност на сонце, солариум, разните абразивни третмани и употребата на креми за обнова на кожата, се фактори кои ќе придонесат за побрзо избледување на пигментот на веѓите.

Во текот на првата седмица по третманот треба да се почитуваат дадените совети и да се води правилна нега на веѓите за да не се изгуби бојата заедно со крастичките кои се формираат по третманот. Потребно е да се направи корекција по 20 дена од третманот. Конечниот изглед и пигмент ќе го добиете, по извршената прва корекција на веѓите.

Понатаму, за освежување на пигментот, зависно од типот на кожата, потребна е корекција еднаш годишно. На тој начин ќе се продолжи интензитетот на бојата во текот на следната година.

Трендовите кои се однесуваат на обликот на веѓите, а кои ја диктираат нивната висина, должина или дебелина, се менуваат многу брзо. Истите не се земаат предвид при примената на оваа техника.

Обликот на веѓите се формира исклучиво според формата на лицето и карактерот на клиентот. Пигментот, односно бојата на веѓите, се определува во зависност од пигментот на Вашите природни веѓи. Следејќи ги овие правила, стручниот тим на Афродита –С ќе Ви помогне Вашите нови веѓи да го разубават Вашето лице.

Најстручна услуга и професионален третман можете да добиете во Центарот за убавина Афродита С.