ПРИРОДНА МОРСКА КАЛ И СОЛ

ПРИРОДНА МОРСКА КАЛ И СОЛ

Природната Морска Кал е наменета за сите оние кои сакаат да се ослободат од стресот или како третман за прочистување, за лица кои се сензитивни на јод како и за жеби и мажи кои спортски активни и сакаат да се ослободат од тензијата во зглобовите и болки во мускулите.

Станува збор за Кал 100% природна од Мртвото Море. Со самото нанесување реминализира, го релаксира телото, ги омекнува локализираните масти така што стануваат полесни за отстранување. Во комбинација со Морската Сол која содржи пченкарен скроб и натриум хлорид прават со овој третман да се отстранат мртвите клетки од кожата и значително да ја омекнат.

Калта од Мртвото Море е исклучително богата со минерали, посебно со магнезиум и калциум што придонесуваат за неговото анти-стрес дејство.

Морскиот третман со Сол и Кал е наменет за клиенти со дехидрирана и/или сува кожа. Клиенти кои бараат ефективна подготовка на кожата пред летните одмори или пак подготовка на телото за интензивен третман.

После третманот телото е релаксирано и кожата ја добива својата идеална дебелина. Таа е мека, реминерализирана и исчезнуваат сите знаци на рапавост.