Рефлексна масажа

Рефлексна масажа

Со рефлексната масажа се делува на рецепторите во кожата, кои ги активираат сложените рефлексни механизми.

Со масажате се подобрува кардиоваскуларниот систем , нервниот систем и многу функции на различни внатрешни органи, се подобруваат мускулите и зглобовите и физиологијата на кожата. Како резултат од масажата на механичкото триење на кожата доаѓа до зголемување на телесната температура до 3 степени, се постигнува освежување , прехрана и регенерација на кожата , се подобрува ензимската и биохемиската реакција.

Со притискање на одредени точки на стапалата (завршетоците на нервите), се активираат рефлексите што делуваат врз точно одредени делови од телото. Крајот од секој третман е резервиран за додатна стимулација за опуштање и намалувње на напнатоста. Со оглед на ефектите врз човековиот организам, вакват масжа препуштете им ја на стручњаци.