Релаксациона масажа

Релаксациона масажа

Секојдневието ја црпи нашата енергија и виталност. Оддржување на врвна форма честопати е предизвик. За секој од нас е важно да се ослободи од напнатоста и да ја задржи витална фигура. Целта на масажата е да се ослободи организмот од негативната енергија и напнатост и да се добие чувство на релксација и хармонија.

Релаксацијата е поим кој овозможува потполно физичко и психичко опуштање, баланс на духот и телото.

Масажата делува преку кожата на подлабоките слоеви на телото. При различни движења и зафати се предизвикуват различни и многу сложени реакции во целиот организам. Масажата на нервниот систем делува смирувачки, ја подобрува циркулацијата, секреција на различни жлезди, го подобрува тонусот на кожата и мускулите и делува на внатрешните органи.

Масажата има двојно дејство: механичко и рефлексно. Механичкото делува на површинскиот слој на кожата,прави чистење на изумрените клетки, загревање и отварање на порите и со тоа се овозможува подобра секреција, транспарентност на кожата како и подобра пенетрација на препаратот со кој се врши масажата. Со механичката дразба се подобрува протокот на венскиот и лимфниот систем.

На крај од масажата добиваме козметичко освежување на кожата, поубава боја, еластичност и измазнување на брчките како и намалување на болка. Со масажата церкулацијата се подобрува за осум пати.

Се препорачува на сите што имаат проблем со циркулацијата, како и на луѓе кои постојано стојат или седат на работното место и на луѓе кои имаат тешка физичка или спортска активност.

Професионалниот тим во прекрасниот амбиент со специјална музика и миризливи свеќи  ќе ви овозможи комплетна едночасовна релаксација и опуштање.