Совршена кожа – совршено здравје

Совршена кожа – совршено здравје

Др.Хауард Мурад- Дерматолог,фармацевт,хирург и истражувач. Во цел свет познат како водечки лидер – клинички професор по дерматологија на престижниот калифониски универзитет во Лос Анѓелес кој целиот свој живот го посветил на здравјето на кожата. Врвен дерматолог со повеќе од 50 000 пациенти и 18 дерматолошки патенти. Татко на внатрешната нега на кожата.

Производите кои доаѓаат од лабораторијата на Др.Мурад имаат научна основа кои даваат извонредни и брзи резултати кај сите типови и проблеми на кожа. Ве повикуваме и самите да се уверите во револуционерните откритија во козметологијата и во дерматологијата.

Мурадов рецепт за идеална и балансирана кожа преку професионалните третмани и призводите за домашна нега.

 

Третман со гликолни киселини

Третманот со алфа и бета хидро-киселини се сосема природни, воведени од страна на Др.Мурад и се наменети за сите типови на кожа кои преминуваат во фаза на стареење.

Индикации:

Бори (ситни и длабоки)

Проширени пори

Лузни ( од акни,херпеси…)

Хиперпигментација

Сува,груба,нерамна кожа

Гликолната киселина добиена од шеќерна трска обезбедува максимална ексфолијација, отстранувајќи го површинскиот слој на старите клетки на кожата и ги редуцира борите. Ја потикнува синтезата на колагенот, еластинот и обнова на клетките, со тоа ја прави кожата млада, сјајна и здрава.Со единствената патентирана мешавина од антиоксиданти, антиинфламатори и хидратори, овој моќен третман ја подобрува текстурата ,бојата и изгледот на кожата, длабински ги чисти порите без иритација и црвенила.

 

Ензимски третман

Ензимскиот третман Др.Мурад го има измислено и воведено како професионален третман за кожа која е проблематична и има тенденција кон појавување на акни. Ензимите од ананас и папаја заедно со антисептици ,антиоксиданти и антиифламатори ги отстрануваат површинските мртви клетки, на тој начин длабински се чисти кожата.

Индикации:

Акни

Црвенило и иритација на кожата како последница од акни

Масна кожа

По овој третман проблематичната кожа значително се подобрува. Длабинските нечистотии ги нема, се редуцира појавата на акни, нема црвенила и иритации, а кожата станува сјајна,мека и добива здрав изглед.

 

Професионален третман со Vitamin C

Научно докажаната, патентирана технологија-инфузија Vitamin C, обезбедува внесување на чист Vitamin C директно во кожата,а со тоа се намалува постоењето и настанувањето на нови оштетувања од слободните радикали од надворешната средина.

Идикации:

Хиперпигментација ( пеги, флеки од сонце,од акни, труднички и старечки флеки…)

Сува, груба, опуштена и уморна кожа

–   Бори

По овој третман на чист Vitamin C се чувствува подобрување на квалитетот на кожата, таа е високо хидрирана, се намалуваат борите и оштетувањата настанати од сонцето, се обновува еластичноста, цврстината и има моќна антиоксидантна заштита.

 

IP-5 anti-age третман со Био Енергетска технологија (нова генерација Др.Мурад во професионалните третмани)

IP-5 e нова генерација на естетско-професионалниот третман. Напреден anti-age третман кој го стимулира сопствениот имунитет на кожата познат како IMMUNO-SKIN COMPLEX.

IP-5 дејствува :

интензивен пилинг, пополнување на борите, избелување, хидратација, зацвртување на кожата. Ја зголемува делбата на епидермални кератински клетки и ја стимулра нивната активност, ги регенерира и ги штити виталните функции на кожата, го враќа нејзиниот природен и здрав изглед.

Стареењето на кожата е неизбежно но не мора да биде нагласено и забрзано.На тој начин што се стимулира имунитетот на клетките на кожата, овој третман ни открива една нова димензија на сфаќање на тоа што значи фразата “anti-aging”.

Со овој напреден био-енергетски третман Др.Мурад ни овозможува секој од нас да ја почувствува убавината на совршена кожа.

Прегледај видео: