СВИЛЕНИ ТРЕПКИ

СВИЛЕНИ ТРЕПКИ

Што е тоа нaдградба на свилени трепки?

Нов метод на надградување на трепки кои се лепат влакно по влакно на природните влакна од трепките.Изгледаaт толку природно што имате чувство дека се ваши. Едноставно, не чувствувате дека се вештачки. Даваат заводлив и таинствен, дефиниран изглед. По надградбата со новите свилени трепки, можете да заборавите на маскарата, бидејќи нема повеќе да ви биде потребна. Овој специјален метод ќе ви го даде она што природата не можела со долготраен ефект.

Кои клиенти се соодветни за овој третман?

Кога не сте задоволни од вашите трепки а не сакате вештачки, кога имате леќи па маскарата ви пречи и отежнува, кога имате пречуствителни очи и не можете да се шминкате,кога вашите трепки се мали сакате да ги продолжите… Едноставно, кога сакате да сте убави 24 часа, а де не сте нашминкани, вие сте идеален кандидат.

По што се разликуваат оваа од стандардната метода?

Свилените трепки се идентични со природните и потполно се разликуваат од претходните трепки. Секое снопче поединечно се надградува со специјален лепак на една природна трепка, па изгледа совршено природно.Трепките се достапни во сите должини, облик и дебелина, за да може совршено да се вклопат со вашите природни трепки.

Колку трае процесот на ставањето на овие трепки?

Третманот е безболен и трае околу 2 часа, во зависност од бројот на трепки кои се надградуваат. Доколку го правите третманот, треба да дојдете без шминка, бидејки шминката ќе го отежни лепењето на трепките. Пред третманот не користете креми кои се ставаат блиску до очната регија. Вашите природни трепки нема да бидат оштетени. На овие трепки може да ставите и водена маскара, која може да се извади без масни чистачи на шминка.

Колку долго може да се носат?

Траат 3 месеци и со нив можете го да правите сето она што го правите секојдневно, да пливате, да се туширате,да се сончате без страв дека ќе ги изгубите. Единствено што треба, е да бидете редовни со надградбата на неколку недели. Природните трепки се обновуват на две до три недели, така што со нив ке паднат и надградените трепки. Надополнувањето трае пократко.

Дали има интерес за оваа услуга?

Да, ова е моментално најбарана услуга после јапонското исцртување на веѓи со трајна шминка. Многумина ги бараат услугите во пакет, бидејќи кога ќе го фрлиш моливот за веѓи, секоја жена би сакала истото да го стори и со маскарата, бидејќи така би заборавила на секојдневното шминкање.

Дали се задоволни клиентите?

Клиентите се презадоволни. Со новите свилени трепки, маскара повеќе не им е потребна, а трепките изгледаат здраво и природно. Практично е тоа што ги ставаат еднаш, а понатаму додаваат делови по потреба.

Прегледај видео: