Tалго хигиенски третман за лице

Tалго хигиенски третман за лице

Повеќе од 40 години , Thalgo е вистински иноватор во светот на Marine убавината. Француска реномирана козметика од морето, посветена на Вашата кожа. Влезете во светот на професионалните третмани. Доколку сакате да ја вратите енергијата и виталноста на Вашата кожа, ова е третманот за вас.

Користете ја професионалната козметика на Thalgo, целосно природна комбинирана со најнови масажни техники.

Специјално формулирани од скапоцени и ефективни морски состојки, овие третмани Ви нудат чистење, специфична нега која е прилагодена на Вашата кожа, хидратација, анти wrinkle, оксигенизација и вистинско уживање. Тајната на овој третман лежи во морските длабочини на Медитеранот и скапоцените морски состојки.

Хигиенскиот третман за лице од козметичката линија Thalgo, Ви нуди специфична нега која е прилагодена на Вашата кожа. По третманот Вашата кожа ќе ја открие природната убавина. Една од состојките во козметичките препарати се кафеавите алги (Natural Algae Hormones, Samphir , Blidingja Minima,Padina Pavonica, Kelpadelie), Omega 3 и Omega 6 масните киселини се екстрахирани од микро алгите и се внимателно одбрани за да не ја преминат природната толеранција на кожата. Третманите на Thalgo се неманети за специјално одбрани салони за убавина и СПА-центри насекаде во светот. Затоа, посетете нé и откријте ги сите богатства на Marine козметиката.

Нашиот салон ќе Ви овозможи да ги почуствувате Thalgo ритуалите во три чекори:

1.Prepare ( подготовка )

Темелно чистење на кожата . Чиста, свежа и ослободена од нечистотии, Вашата кожа ќе биде подготвена да ги впие сите корисни активни состојки. Следува масажа со која максимално ќе се опуштите и по само неколку минути Вашите сетила ќе се смират, а дишењето на кожата ќе се стабилизира.

2.Energise ( енергија )

Овој Thalgo чекор во контакт со кожата нуди вистинска експлозија од минерална енергија. Ја детоксифицира кожата и дава нова сила и баланс.

3.Treat ( третирање на кожата )

Конечната цел е да се откријат индивидуалните потреби на кожата со соодветни “hands-on “ методи, придружени со апликација на соодветна маска. За секој тип на кожа, одговорот е Тhalgo.