Траен маникир Gelish

Траен маникир Gelish

Од сега траен лак на Вашите нокти на раце и нозе. Gelish колор гелот го има во повеќе нијанси и се нанесува како обичен лак, но се пече во ЛЕД лампи во траење од 30 секунди. Gelish трајниот лак се разликува од останатите трајни лакови за нокти бидејќи е единствен. Првиот слој кој што се нанесува е 100% кератин и го потхранува, заштитува и регенерира природниот нокт. Gelish трајниот лак познат е по неговиот висок сјај и истрајност. Gelish колор гелот останува на ноктот 3 недели без пукање и лупење, а комплетно се завршува за само 15 минути. Може да се нанесува на природни, наливни и гелни нокти.

За многу краток временски период Вашите нокти ги прави идеални за секоја прилика и сезона.

Со професионалните ЛЕД лампи единствено во центарот за убавина Афродита-С се крати времето на печење и не се оштетува кожата на рацете.

Затоа драги наши дами дојдете и уверете се во практичноста на трајниот лак!!!