Третман за гради

Третман за гради

Градите кај понежниот пол се еден од најважните делови од телото што се однесува до надворешниот изглед, па затоа секоја жена сака да изгледа убаво. Од различни фактори вашите гради може да ја изгубат саканата облина и цврстина, па затоа третманот за опуштени гради е многу често застапен во нашиот салон.

Градите се одржуваат цврсти со помош на големиот граден мускул, но доколку е тој истегнат, шансите да се корегира се се потешки. Но, ако е во прашање само опуштената кожа, тогаш со биолошките третмани на гради се постигнуваат одлични резултати.

Тоа се сите биолошки третмани во 3 етапи:

  • со алги
  • со фитогена маска
  • со колаген лист маска

Се прават 9 третмани по 3 третмани од сите преку еден ден.