Ултразвучен лифтинг

Ултразвучен лифтинг

Со овој третман се стимулираат колагенските и еластинските влакна. Кожата станува еластична, ситните брчки исчезнуваат, длабоките брчки се ублажуваат и се овозможува регенерација на кожата.

Третманот е безболен и многу пријатен, а кожата добива свежина и убавина. Се работи со кислороден гел, при што кожата високо се хидрира, се ослободува од слободни радикали и се подобрува дишењето на кожата.

Се работи со ултра звучна плочка која прави длабок пилинг и веднаш ги отстранува изумрените клетки. Овозможуваат длабока пенетрација на активните состојки кои се внесуваат во кожата . Со помош на микро масажата се стимулира обнова на кожата која резултира со лифтинг ефект.