Ултразвучна кавитација- Липосукција без операција

Ултразвучна кавитација- Липосукција без операција

Брзиот развој во медицината и козметологијата придонесоа да се создаде овој производ чии резултати се незамисливи. Нехируршка липосукција е моќна алатка која гарантира резултати на безбеден, ефективен и траен начин.Ефектите се трајни и видливи уште при првиот третман.

Овој фантастичен апарат трајно ги разградува мастите. Делува на: намалување на локализирани масни наслаги, целулитот и преголемата телесна тежина. Потребни се 4-6 третмани, а просечното губење во обем е од 6-10 см.

Што претставува ултразвучната бранова липосукција и како таа делува?

Активноста што се врши со помош на апаратот над човечкото тело може да се дефинира како липолиза со помош на ултразвучната бранова липосукција.

Феноменот на ултразвучна бранова липосукција на одредена фреквенција од  ултразвукот, кој досега не е применет во областа на естетската медицина, е всушност феномен кој во целост ги топи масните ќелии.

Со дејство на ултразвучните бранови на нашето тело доаѓа  до вибрирање на самите клетки и нивниот состав. Ова вибрирање предизвикува судир на молекулните течности и гасови  (јаглерод и кислород) и притоа слабите молекули почнуваат да пукаат и почнуваат да се распаѓаат. Во овој случај, триглицеридите кои се наоѓаат во масните ќелии се распаѓаат, се претвораат во моноглицериди и се мешаат со водата и гасовите кои се наоѓаат во истата масна ќелија. Масната ќелија, заради брзото зголемување почнува да пука и нејзината содржина се излива во меѓукелискиот простор. Оттука лимфниот систем ја повлекува оваа смеса и да ја неутрализира од регијата која сме ја третирале.

По третманот задолжително се применува лимфна дренажа за да дојде до неутрализирање од регијата на која се работело. Остатоците од разбиените масни клетки се елиминираат (исфрлаат) низ црниот дроб и лимфниот систем. Лимфната дренажа може да биде рачна или со помош на апарати. Додека се прави овој третман исхраната треба да биде редуцирана и да се пијат многу течности. Еден третман трае 40 минути, на една регија од телото.

Губитокот кој нема да се врати, се забележува дури после 5-7 дена, колку што му е потребно на телото да ги исфрли сите масти кои се стопиле од регијата на која сме работеле. За тоа време препорачливо е клиентот да има барем 2 тренинга за да се стопат мастите кои заостанале во телото, со цел да се добие максимален ефект.

Со помош на ултразвучната стабилна кавитација се постигнуваат следниве термо-механички ефекти:

  • ADIPOCYTOLYSIS – разградување на масните клетки
  • LIPOLYSIS – одвојување и растворање на масти
  • MONOMERIZACIJA NA TRIGLICERIDITE – намалување на масните елементи

 

Подобрување на квалитетот на протокот и циркулацијата на крвта

Намалување на целулитот

Овој третман одлично се комбинира со  LPG-ендермологија за постигнување подобри.

Прегледај видео: