Восочна депилација

Восочна депилација

Убаво депилираната кожа е една од главните преокупации на секоја девојка која сака да изгледа убаво и неодоливо.Постојат многу начини да се изведе депилацијата ,секоја има свои придобивки и свои недостатоци.

Депилацијата е еден од најраспространетите начини за отстранување на непосакуваните влакна од телото и повеќето жени ја претпочитаат затоа што има многу предности во споредба со другите методи. Најдоброто кај депилацијата е што влакненцата се извлекуваат од коренот и кожата останува мазна во текот на 2 до 6 седмици.

Со деплацијата се отстрануваат вишокот на влакна на механички начин. Еден од начините на депилација е восочна топла или ладна која е составена од клофониум, рицинус, глицерин, билна маст, мед и друго. Колофониумот е супстанција со светложолта боја и со смолеста маса. Се добива со дестилација на смола од бор кој се топи на 60-70 степени целзусови и во неа се додаваат останатите супстанци.