Вработување

Вработување во „Афродита-С“

 „Афродита –С“ постојано има потреба од вработување на козметичари, фризери, стилисти, практиканти, како и лица за работа на пулт со организациски и менаџерски способности. Потребни се лица кои имаат желба за работа и постојано усовршување и унапредување. Одговорни и лојални лица кои се надградуваат, развивајќи ги сопствените стручни и услужни активности.

Нудиме единствена можност за работа и усовршување, во пријатна атмосфера, со креативен и високо професионален тим.

Заинтересираните кандидати можат да испратат мотивационо писмо и CV, наведувајќи го работното место за кое аплицираат на нашата е-маил адреса: afroditasuze@ymail.com

Сите пријави ќе бидат вклучени во базата на кандидати и, откако ќе бидат разгледани, ќе бидете повикани на интервју. Доколку не бидете повикани веднаш, ќе бидете контактирани веднаш штом се создадат услови за ново вработување.

Ви благодариме однапред!

 

Аплицирајте за вработување