За нас

Што е Афродита-С?

Центарот за убавина Афродита-С со години претставува лидер во областа на козметологијата. Повеќе од 19 годишното постоење, големиот број на клиенти, партнери и деловни соработници се потврда за врвната професионална услуга и дополнителен поттик за нас, за да продолжиме да ги следиме најновите научни достигнувања и нивната имплементација во медицинската и естетската козметологија, и да овозможиме примена на најсовремените козметички третмани во нашата програма на услуги. Располага со два Центри за убавина во Скопје на две локации. Убавината е наша движечка сила и мотивација

Нашите центри за убавина ги задоволуваат стандардите на најдобрите салони во светските метрополи. Идејата ни беше да создадеме рај за Вашите сетила.

Центарот за убавина „Афродита-С“  ја следи убавината како предизвик, а професионалната понуда како визија за успешен однос помеѓу нашиот бренд од една и задоволните клиенти од другата страна.

Професионалниот тим на Афродита-С во својата работа ги почитува принципите на деловност, етика, врши континуирана едукација и ги следи највисоките стандарди за квалитет при изборот на козметичките услуги и препарати и тоа се со единствена цел – да одговори на потребите и барањата на клиентите. Горди сме што бројот на задоволни клиенти постојано расте.

Афродита-С, најдобар избор на традиционални и современи третмани за обликување и нега на Вашето лице, тело, коса и нокти. Уверете се во резултатите од нашата работа.

Ви благодариме за довербата

about-image