.

Ендосферата има голем спектар на примена како терапија за лице. Терапијата се состои од компресија на микровибрации со помош на микросферите кои се дизајнирани да дејствуваат длабоко во кожата. Под влијание на микровибрацијата се зголемува содржината на кислород во ткивата. Се зголемува и циркулацијата на крвта, а со тоа се прави и мускулна тонизација. Се постигнува ефект кој е видлив веднаш по првиот третман.

Кога станува збор за лифтинг на лице: кожата целосно се подмладува, се подигнуваат јаболчниците и веѓите, се елиминираат подочниците и се постигнува регенерирачки и дренажен ефект. Брчките видно се измазнуваат, а кожата добива убава боја, висок сјај и флеките се редуцираат. Се препорачуваат 6 третмани, на 5 дена меѓу секоја постапка.

Контраиндикации: терапија со ендосфера за лице не се препорачува за клиенти кои имаат активни акни и херпес. Кожата може да биде благо, средно или крајно опуштена. Според тоа се определува каков третман е потребен, односно дали инстант кој го опфаќа целото лице или целосен кој го опфаќа лицето, подбрадокот, вратот и деколтето. Екстремно делува на кожата и мускулното ткиво во случај на длабоки брчки, забележителни брчки низ целото лице, како и кај изгубена контура на долната вилица и брадата.

Препуштете се на стручниот тим во Афродита С и изгледајте здраво и негувано! Технологијата за елиминација на целулит, како и регенерација и инстант лифтинг ефект на лице со употреба на третмани со ендосфера е вистински хит во светот! Стотици познати козметички и други салони го користат за естетски и здравствени цели, што сведочи за неговата сигурност и успех, а со Афродита С имате уникатна можност да ги уживате придобивките од ендосфера и кај нас!

 

ЗАКАЖИ ТЕРМИН ВО САЛОН ВОДНО

Loading...