.

Ендосфера – за веднаш видлива, трајна елиминaција на целулитот и затегнување на кожата

Зошто ендосфера?

Третман со ендосфера –за трајна елиминација на маснотиите и целулитот!
Најбрзото и ефикасно решение за проблемите што ги мачат и двата пола подеднакво – наслаги од маснотии и целулит- конечно достапно во Афродита С!

Каков е третманот?

Третманот со ендосфера е целосно неинвазивен, удобен и безбеден. Со него се елиминира целулитот, се топат маснотиите, се исфрла вишокот на течности и токсини од кожата, а се прави и лимфна дренажа. Ова е револуционерен метод со кој се постигнуваат неверојатни ефекти на целосна и трајна трансформација на телото и кожата.

Како функционира?

Под дејство на микровибрации се зголемува микроциркулацијата на крвните садови, а тоа го подобрува целокупниот проток на крвта во телото, при што се стимулираат нервните завршетоци во мускулите. На тој начин се добива мускулен тонус. Со оглед на тоа што третманот е неинванзивен, тој не ги оштетува васкуларните, крвните садови и лимфните канали.

Ендосферата е иновативна технологија која ги користи механизмите на компресивни микровибрации на валјак составен од хипоалергични силиконски топчиња, чие ротационо дејство делува како пумпа што го одделува целулитот од вишокот течности и го исфрла од телото преку лимфните јазли.

Како со ендосфера до тело без целулит?

Во борбата против целулитот и акумулацијата на маснотии и токсини на целото тело, најбрзо ќе победите со ендосфера, како најпопуларен и најефикасен метод.

Ендосфера е чекор напред во областа на естетиката, а резултатите се видливи веднаш по првиот третман. Веднаш забележливо е подигнување на задникот, намалување на изгледот на кора од портокал, зајакнување на мускулите, исфрлање на токсини и вишок течност, а со тоа се постигнува чувство на измазнетост и сјајност на нозете.Резултатот се убави, затегнати нозе, без целулит и маснотии, а задникот е природно подигнат и затегнат. По првиот третман, задникот се крева за цели 2 см! Третманот не остава траги и не ја оштетува кожата. Според лекарите, ендосферата е најсовршен хардверски метод, без контраиндикации. Можете да го примените дури и во почетна фаза на проширени вени. Единствено не може да се користи во случај на тромбоза и ткивна атрофија.

Дали третманот е болен? Кои се придобивките од третманот со ендосфера? Дали има контраиндикација?

Чувството на болка е минимално и строго индивидуално и зависи од видот на целулит. Важно е да се напомене дека третманот со ендосфера не предизвикува алергиски реакции.

Придобивките од третманот со ендосфера се видливи и трајни. Телото е преобликувано, затегнато, намалено. Целулитот е видно отстранет, кожата е измазнета и хидрирана.

Контраиндикации на тело: не се работи само на воспалени вени и тромбоза.

Во светот на козметологијата и естетиката, постојат многу техники за елиминирање на целулит и подигнување на задник, но револуционерниот третман со ендосфера кој можете да го направите во Афродита С е нешто посебно!

Дали со помош на ендосфера може да се постигне добар ефект без диети и вежби?

Најдобрите резултати се загарантирани ако практикувате здрава исхрана, а тоа вклучува елиминација на шеќер, тестенини и сокови, и редовна конзумација на овошје и зеленчук, риба и месо. Тренирајте умерено во комбинација со третманот со ендосфера, за да имате фантастично добри резултати.

Колку третмани се потребни?

По прегледот во Центарот за убавина Афродита С и консултацијата со нашиот тим, а во зависност од состојбата на кожата и количината на наслаги на целулит и маснотии, се утврдува бројот на третмани. За целосни резултати, препорачливо е да се направи серија од 10-12 третмани, на 2 до 3 дена меѓу секоја постапка. Третманот може да се изведува на половина тело со времетраење од 30 минути, или на цело тело со времетраење од  50 минути.

Препуштете се на стручниот тим во Афродита С и изгледајте здраво и негувано! Технологијата за елиминација на целулит, како и регенерација и инстант лифтинг ефект на лице со употреба на третмани со ендосфера е вистински хит во светот! Стотици познати козметички и други салони го користат за естетски и здравствени цели, што сведочи за неговата сигурност и успех, а со Афродита С имате уникатна можност да ги уживате придобивките од ендосфера и кај нас!

 

ЗАКАЖИ ТРЕТМАН ВО САЛОН ВОДНО

Loading...

ЗАКАЖИ ТРЕТМАН ВО САЛОН АЕРОДРОМ

Loading...