Трајната шминка помага да се вратат или корегираат контурите на очите и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите.
Трајната шминка помага да се вратат или корегираат контурите на очите и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите. Се работи со природни пигменти кои се привремени и постепено почнуваат да избледуваат после една година, а до потполно избледување три – пет години. Со трајната шминка се добива ефект на подмладување и најбитно од се секогаш сте спремни и уредни во секоја прилика, многу природни и неприметно.
Со нагласување на контурите на очите и веѓите добивате поизразен изглед, секогаш изгледате уредно. Добивате покрупни очи и повесел и поизразе поглед и визуелно се подигнува паднатиот крај на окото.
Веѓите исто така се важен дел кои што исто така можат да се корегираат, Веѓите можат да се здебелат, да се изедначат, или да се подигнат во сите природни бои почнувајќи од најсветли па се до најтемни, во зависност од вашата желба.
Со трајната шминка секогаш ќе изгледате совршено и помладо!
Совет
Не се препорачува да се прави за време на менструален циклус, за клиенти со дијабетес тип 1, бремени жени, малолетни лица, херпес, и клиенти кои примаат антикоагулативна терапија.
