

Ароматерапијата е наука за употребата на етеричните масла за подобрување на здравјето и на телесната и душевната виталност. Секое етерично масло содржи различни и бројни сложени биохемиски материи (витамини, природни антибиотици и антисептици,…) што значи дека секое масло делува самостојно и различно. Дури и нивното меѓусебно делување е различно и заради тоа мораме многу добро да ги познаваме.
Етеричните масла делуваат на повеќе финкции на организмот истовремено и токму заради нивниот широк спектар на делување можеме со ароматерапијата активно да спречуваме или да отстрануваме бројни непријатности: или станува збор за потешкотии во психофизичката кондиција, во нарушената природна рамнотежа на физиолошките функции на кожата или е во прашање само одржување на убавината на кожата на која на крајот на краиштата се одразува и телесното здравје. Токму заради тоа, потребно е кон негата на кожата да се пристапува целовито – со урамнотежена нега на целото тело.
ДЕЛУВАЊЕТО НА ЕТЕРИЧНИТЕ МАСЛА НА ТЕЛОТО, ДУХОТ И НА КОЖАТА
го опуштаат телото и духот
- освежуваат и витализираат
- ја јакнат мускулатурата
- имаат липолитичко делување
- го јакнат имунолошкиот систем
- делуваат антисептички
- го помагаат обновувањето и размножувањето на клетките и со тоа го успоруваат процесот на стареење на кожата
- го подбруваат крвотокот и дотокот на кислородот и хранливите материи во кожата
