.

Свечената фризура претставува обликување на косата во еден поинаков и понесекојдневен стил во согласност со свечената пригода за која што е потребна.
Секогаш треба да се има во предвид за годините на клиентот,стилот на гардеробата,па дури и накитот и шминката што ќе се одберат за таа вечер.
Со малку повеќе креативност и додатоци од стиловите на Холивудските икони ,свечената фризура може да се претвори во вистинско артистичко ремек дело.
Мешавината и сплетот на старите стилови како на пример подигнатите кадрици на Брижит Бардо ,високо елагантниот француски твист на Одри Хепберн,се до сјајниот кох на Ким Кардашијан, подигнатата и растурена популарна пунџа на Сара Џесика Паркер можат да придонесат во изборот за Вашата свечена фризура.
Аксесоарите се секогаш добредојдени за побогат и погламурозен изглед.Одберете шноли,украси со камења,кожни ремени па дури и траки од вештачка коса и бидете различни и единствени на било која свечена пригода.

Закажи термин во салонот во Аеродром

изберете вработен:

Андријана Ивановска

Закажи термин во салонот на Водно

изберете вработен:

Билјана Митровска

Маја Каранакова