ЗАКАЖИ ТРЕТМАН

избери локација

Грб мал / Стомак / Гради / Раце Мали

Збогум на несаканите влакна!

Како работи Elysion-PRO?

Диодниот ласер на Elysion-Pro ги отстранува влакната на селективен начин,напаѓајќи го пигментот на фоликулот на влакното – меланин, преку ласерски импулси кои предизвикуваат термичко уништување на клетката без да ја оштетат кожата.

Процедурите овозможуваат ефикасно отстранување на влакната дури и од најчуствителната кожа на лицето. Соодветна бранова должина обезбедува постигнување на точната длабочина на фоликулите.

Elysion-Pro има напреден патентиран систем за ладење “crystal freeze” кој ја штити кожата од високи температури. Станува збор за систем на ладење со апликатор кој одржува константна температура од 6 степени целзиусови, фактор кој драстично ја намалува чуствителноста на третираната површина во текот на постапката.

Колку процедури ви се потребни?

Бројот на процедури е под влијание на вашиот фототип, областа на лекување и спецификите на секој клиент. Тие ги одредува вашиот специјалист. Обично процедурите варираат помеѓу 6 и 10.

Колку трае сесијата?

Тоа зависи од областа. Може да варира од 5 минути (за горната усна) до 1 час (за цели нозе).

Дали процедурите со Elysion-Pro имаат несакани ефекти.

Манипулацијата не е болна и е толерантна за кожата. Клиентите чувствуваат загревање и благо пецкање. Несаканите ефекти се минимални во зависност од кожата, а најчесто се манифестираат како црвенило, кое брзо поминува.

Loading...